November 28, 2021 05:55
Македонија

Џафери: Лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат

Оваа година е посебно значајна, затоа што одбележуваме јубилејни 80 години од денот кога борците на антифашистичката генерација се исправија решително и несебично во борба за слобода и достоинство, положувајќи го најскапоценото во глобалната битка на доброто против злото, истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговата честитка по повод денешниот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

-Тие ја избраа потешката, но исправна страна и со тоа ги сочуваа своето достоинство, човечноста и солидарноста но над сѐ, го дадоа својот придонес за подобар, похуман и поцивилизиран свет, свет без болка, солзи, без поделби и тага, наведе Џафери.

Тој додаде дека таа желба за слобода придонела и во градењето на државноста. И затоа, како што посочи, „денес оддаваме почит на сите кои имаа удел во таа борба, за да можеме сите ние да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава, која од минатата година со членството во НАТО и самата е контрибутор во светскиот мир и поредок”.

-Битно е, лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат затоа што, поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден! Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!, вели Џафери во неговата честитка.

https://kissanime.mx tower of god kissanime

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official

Website https://animekisa.in: Watch Tottoko Hamtarou Anime Dechu! animekisa Episode Full anime stream

Website https://animeheaven.pro: Watch Kuroko's Basketball 2 animeheaven Episode 25 anime websites