February 3, 2023 21:18
Македонија

Џафери во Тирана ќе ја прими наградата „Doctor honoris causa” од Универзитетскиот колеџ „Ќириази”

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска во Тирана ќе ја прими наградата „Doctor honoris causa” од Универзитетскиот колеџ „Ќириази” во Тирана.

„Doctor honoris causa” е највисокото признание кое Универзитетскиот колеџ „Ќириази” го доделува на истакнати личности за придонес во националната, меѓународната, академската, научната или културната сфера, како и за посебната врска со овој Универзитет.

– Академскиот сенат на Универзитетскиот колеџ „Ќириази” одлучи да му ја додели титулата на претседателот Џафери за „неговиот особен придонес во официјализирањето на албанскиот јазик, за слободата и правата на Албанците во Северна Македонија, за мудроста и високите интелектуални и државотворни вредности во заштита на нашиот национален идентитет. За неговите душевни врски со иконите на нашето национално образование Севасти и Параскеви Ќириази и Кристи Дако, кои се историско наследство и продолжение на Универзитетскиот колеџ „Ќириази”, се наведува во соопштението од Собранието.

Церемонијата на доделување на титулата, како што е најавено, ќе биде во 10 часот, во зградата на Универзитетскиот колеџ „Ќириази” во Тирана.