January 21, 2019 23:02
Македонија

Џафери: Во Собранието секој пратеник одлучува сам и нема притисоци

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, најостро ги демантира информациите изнесени од лидерот на „Единствена Македонија” Јанко Бачев, дека претставници од американската амбасада, по налог на американскиот амбасадор Џес Бејли држат тројца пратеници заклучени во Собранието.

– Ја информираме јавноста дека се работи за класична дезинформација, со цел да се нанесе штета на угледот на Собранието и на процесот на ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија. Во Собранието на Република Македонија секој пратеник одлучува сам, според своето убедување и нема, ниту ќе има притисоци врз народните избраници и нивното движење е слободно. 75. седница на Собранието на Република Македонија се одвива според воспоставениот ред како и за секоја друга седница, се наведува во соопштенито од собраниската прес-служба.

Related posts

Големо полициско обезбедување пред Собранието

24news

Македонија и Албанија ќе воведат заеднички контроли на Ќафасан

Filip

Денот на настава на турски јазик неработен за турската заедница во Македонија

Filip