February 24, 2019 04:39
Македонија

Џафери во Словенија на средби со членовите на комисиите за прашања на Европската Унија и одбран

Претседателот на Собранието Талат Џафери, во придружба на македонска делегација, оствари средба со претставници на Комисијата за прашања на Европската Унија, Комисијата за одбрана и Групата за пријателство во Државниот збор на Словенија.

Од Кабинетот на Џафери, наведоа дека потпретседателот на Комисијата за прашања на ЕУ, Милан Брглез ја поздравил ратификацијата на Преспанскиот договор и Спогодбата со Република Бугарија, оценувајќи ги како значајни чекори за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, како важни елементи кои придонесуваат во процесот на проширување на Унијата, при тоа истакнувајќи дека процесот до полноправно членство во ЕУ е долг и сложен.

– Изразија уверување дека Македонија со поддршка од нејзините меѓународни пријатели ќе успее да ги исполни сите предуслови и што поскоро ќе добие датум за отпочнување со преговорите со ЕУ, истакнаа од Кабинетот.

Наведоа дека Џафери и членовите на делегацијата ги информирале присутните за тековните активности во Собранието и за процесот на скрининг и усвојувањето на реформскиот пакет кој произлегува од Планот 3-6-9 и Планот 18.

– Џафери посвети особено внимание на значењето и комплексноста на процесот на преговори, при што подвлече дека тука ќе биде потребно искуството и знаењето на Република Словенија, потенцираа од Кабинетот.

Наведоа дека претседателот на Собранието истаканал оти со ратификацијата на Преспанскиот договор и со ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО од сите национални парламенти на земјите членки во НАТО се очекува најдоцна до почетокот на следната година Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО со нејзиното ново име.

На крајот од средбата било потенцирано значањето на зајакнувањето и интензивирањето на соработката на парламентарно ниво во области кои се од заеднички интерес, а присутните нагласиле дека ќе преземат иницијатива за развивање на комуникацијата преку која може да се реализираат заеднички активности од областa на економија, култура, животна средина…

Related posts

Македонија и Холандија одбележаа 25 години дипломатски односи

Igor

Откажани летови на скопскиот аеродром, магла на дел од патиштата

24news

Груевски се уште не се пријавил во затворот „Скопје”, Судот прави обид за достава

24news