February 20, 2020 18:19
Македонија

Џафери: Борбата против корупцијата предуслов за успешна, демократска и правна држава

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на денешната средба ги охрабри претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да продолжат со бескомпромисната борба против корупцијата, што како што нагласи, е предуслов за создавање успешна, демократска и правна држава.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска денеска во име на Комисијата на Џафери му ја предаде Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси (2020 – 2024) со Акционен план за нејзино спроведување.

Како што информираше Кабинетот на претседателот на Собранието, за Националната стратегија парламентарниот состав ќе расправа веднаш штом за тоа бидат исполнети предвидените услови со Деловник.