Во политичкиот дел на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската Амбасада и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување, Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и делегацијата од Собранието во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со Претседателката на Германскиот Бундестаг, Бербел Бас.
Во однос на мултилатералната сорботка во рамки на НАТО алијансата, Бас го поздрави усвојувањето на Декларацијата за Украина и приклучувањето на Република Северна Македонија на санкциите против Руската Федерација иако не е членка на ЕУ, чекор со кој повтроно се покажува зрелоста на државата и нејзијана јасна определба за членство во Унијата. Во овој контекст Џафери искажа увереност дека државата ќе добие датум за отворање на пристапни преговори со Унијата на Самитот во јуни. Претседателката Бас одговори дека и на лично и на институционално ниво ќе стори се за да се реализира оваа заложба и се осврна на билатералното прашање со Бугарија, искористувајќи ја директната средба за да постави конктерни прашања во врска со билатералниот спор.
Џафери информираше за повеќе аспекти на наметнатиот билатерален спор од страна на Бугарија и покрај потпишаниот Договор за добрососедство, и нагласи дека недозволливо е за една држава да влијае или да му укаже на друг народ какво лично, национално или јазично чувство треба да има, затоа што ваквото чувство не е предмет на договор, дополнително, никој не успеал да ја поправи или смени историјата, но многумина успеале да се надминат себеси и да се свртат кон иднината.
Соговорниците се согласија дека пријателите треба да разговараат директно и отворено, во насока на што, Џафери упати покана за официјална посета на Бас на Македонија, која што ја прифати со задоволство и подвлече дека штом и дозволи календарот за работа на Бундестагот ќе ја реализира посетата.