February 25, 2021 09:14
Uncategorized

Џастин Тимберлејк проговори за своето второ дете со глумицата Џесика Бил

Џастин Тимберлејк во видеоврска за Шоуто на Елен Деџенерис, говореше за своето второ дете со глумицата Џесика Бил, откривајќи го и името на вториот син – Финеас, роден во јули лани.

Инаку, Деџенерис е „првата вон семејството” која дозна нешто повеќе за малечкото.

– Се вика Финеас. Тој е „закон” и, многу е сладок… И не ни дава да спиеме… Воодушевени сме и не можеме да бидеме посреќни. Многу сме благодарни!, рече 39-годишниот глумец и пејач во најавата за емисијата.

Двојката од претходно го има петгодишниот Силас. Прашан – која е разликата меѓу две и едно дете, Тимберлејк се пошегува: „Не се гледаме повеќе”.

– Многу ни е забавно. Применуваш тактика – од зонска одбрана преоѓаш на човек на човек. И тоа, навистина брзо. Одлично е. Силас е доста возбуден… Во моментов многу му се допаѓа да биде поголемиот брат. Финеас сè уште не може да оди или да го брка брат му, па ќе видиме што ќе се случи, раскажува Тимберлејк.

Потоа тој откри дека поголемото дете сака видеоигри.

– Но, тој си игра и со Лего-коцки, и тенис. Му набавивме и „Нинтендо свич”. Детски работи…, вели пејачот.

Емисијата е закажана за денеска.

Hori-san to Miyamura-kun (https://animeplanet.cc/m/q6vl) Episode 4 at website https://animeplanet.cc. See more anime planet my hero academia

Watch One Piece Episode 912 at website https://funimationfree.com. See more funimation funko pop