February 2, 2023 21:41
Македонија

Џамбаски: Вратете го ветото, Македонија била и ќе биде бугарска

Европратеникот Ангел Џамбаски денеска на својот Фејсбук профил побара да се врати ветото за Северна Македонија.

„Врати го веднаш ветото на Северна #Македонија“, напиша тој.

Оваа изјава следи по изјавата на претседателот Стево Пендаровски за Џамбаски да се прогласи за „персона нон грата“.

Во друг пост Џамбаски вели„Вратете го ветото. Антибугарската, антиевропската, болшевичката, тоталитарната, терористичката моќ во ПКМ мора да биде прогласена за „персона нон грата во ЕУ“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република Северна Македонија е сосема друга работа“.

Според Џамбаски, обидот бугарските јавни личности да се прогласат за забранети лица во Северна Македонија нема да ја избрише историската вистина.

„Сите провокативни напори на Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Бујар Османи мора најостро да се осудат. Само антибугарската влада во Скопје може да биде прогласена за „персона нон грата“ во Европската Унија“, напиша Џамбаски.