December 6, 2022 22:08
Македонија

Ќучук: Изразувам длабоко сочувство за болката и страдањето на роднините на настраданите

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук изрази сочувство по повод трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 46 лица.

– Прифатете го моето искрено сочувство за трагедијата што ги снајде граѓаните на Република Северна Македонија. Изразувам длабоко сочувство за болката и страдањето на роднините на настраданите и посакувам брзо закрепнување на повредените во оваа тешка катастрофа. Во мрачен ден како денешниот, нашите две земји споделуваат заедничка болка, покажуваат емпатија, што е својствено за соседни земји, како Република Бугарија и Република Северна Македонија. Во овој момент нашите мисли се со вас и жалиме за загубата во страшната несреќа!, наведува Ќучук во пораките за сочувство.