January 22, 2022 22:27
Македонија

Ќучук: Да се искористат сите можности да се воспостави доверба, се зависи од двете страни

Секако двете страни треба да се вратат на преговарачката маса и треба да се искористат сите можности за да се воспостави довербата.Тоа е најдобриот начин Договорот од 2017 година да се исполни. Гледам дека има огромни напори  од двете страни, и од Скопје и од Софија,  за да се стават на маса отворените прашања и да се најде нивно решение што ќе даде сериозна основа за да започне Првата меѓувладина конференција, вели европратеникот и известувач за нашата земја во Европскиот парламент Илхан Ќучук.

Тој вечерва во интервју за ТВ Сител посочи дека Бугарија уште е во процес на формирање влада, има четири политички сили кои заседаваат иоти се  очекува во најкус рок да излезат со заклучоци и да направат влада. Сите, посочува, сме сме заинтерсирани целиот регион да биде дел од ЕУ, тоа е во стратешки интерес на Бугарија, јас сметам така, а на мое задоволство огромен дел на бугарското  опшетство  и голем дел од политичките партии мислат така.  Треба да има задоволителна соработка и има добра основа за сите клучни  прашања.

-Не може Бугарија и Северна Македонија кои се две најблиски држави да не најдат пат кон ЕУ. Да имаат  заеднички активности во различни дејности, да започнеме од образованието, културата, инфраструктурните прокети, да поминеме на дигитализацијата и можностите  кои ни ги дава ЕУ со зелената трансформација. Тоа се теми кои треба да бидат дел од разговорите во иднината, порача Ќучук.

Темата за историјата,  наведе, требаше одамна да биде оставена на историчарите. Инсистирањето историските теми  да бидат главни прашања меѓу двете страни се види дека создава огромни проблеми. Историските прашања не може да бидат надминати во рок од неколку месеци или неколку години. Заедно со овие историски прашања ние треба да мислиме и за иднината, за перспективата која треба да дојде и од економскиот  развој и од човечките права. ЕУ ги негува сите демократски стандарди, а тоа вклучува човечки права и правата на малцинствата, рече европратеникот.

Според него, има голема доза на разум и потребно е час поскоро да се започнат активни политички разговори.

-Да бидеме искрени едни со други, да ги смириме стравовите на двете страни,  тоа се однесува и за Скопје и за Софија. Само така може да има доверба. Ние имаме силна потреба да се вратиме во зоната на довербата, да го преиспитаме она што ни се случувало во минатото, но со една единствена идеја да тргнеме кон иднината која треба да не води кон ЕУ. Младите поколенија нема да ни простат за ваквиот историски пропуст. Јас сметам и уверен сум дека нерешавањето на билатералниот спор меѓу Бугарија и Северна Македонија го успорува целиот Западен Балкан, рече Ќучук.

Барањата од бугарска страна со пет плус еден формулацијата се испратени, се чекаат одговори од македонската страна и, вели тој, се зависи од двете страни.

Најавува дека наредниот извештај ќе ги одразува и позитивните тендензии, но и проблемите во земјата. Но, како што отенцира, за да има политички развој  и тоа да се оценува од ЕУ треба стабилна политичка ситуација.

-За да бидат направени реформите ни треба мнозинство кое е подготвено да ги реформира важните општесвени области во земјата. Истото се однесува и за Бугарија. За да се реши билатералното прашање  треба да има стабилна влада, рече Ќучук.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 11

watch anime free ANIMEFLIX High School DxD

ANIMEFLIX My Hero Academia (Dub) Episode 8

ANIMEFLIX Attack on Titan Season 2 Episode 11

ANIMEFLIX BANANA FISH Episode 20