February 18, 2020 22:22
Скопје

Ќе се набавуваат делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ 10 и ПМ 2.5 во Ѓорче Петров

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е процедура за објавување тендер за набавка на делови со кои ќе се  поправи инструментот за симултано мерење на честичките ПМ 10 и ПМ 2.5 на мобилната мерна станица поставена во Ѓорче Петров.

Поради технички проблем мерниот инструмент не е во функција и е исклучен од  23 декември 2019 година.

– Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира и потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб-страницата за квалитет на воздухот  http://air.moepp.gov.mk, соопшти МТСП.  

Министерството додава дека мобилната мерна станица во Ѓорче Петров сега ги мери загадувачките супстанции SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3.