February 25, 2021 08:30
Економија

Ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера на конференцијата „Визија за енергетска транзиција 2040“ најави дека годинава ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови.

„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Воедно, тој најави дека владата планира да спроведе две дополнителни мерки со кои би се обновил возниот парк.

Првата мерка предвидува воведување на субвенции за купување на хибридни возила од граѓаните, како надополнување на постојната мерка за даночно олеснување при увозот на овие возила.

Втората мерка ќе даде можност за директна финансиска помош за оние граѓани кои ќе се одлучат да ги заменат возилата со под ЕУРО 4 стандард со нови автомобили со ЕУРО 5 или 6 стандарди.

Spirit Chronicles Episode Preview at website https://animeplanet.cc. See more manga anime planet

The Rising of the Shield Hero Season 2 (https://animefreak.ws/m/RlwE) Episode 1-Preview at website https://animefreak.ws. See more animefreaks official website