January 24, 2021 02:39
Хроника

Ќе му се суди на скопјанецот кој ја уби невенчаната сопруга и ја фрли на отпад од заклани животни

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која живеел во вонбрачна заедница.

На 03.08.2019 година, во куќа на улицата „Гарибалди“, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет и нанел на оштетената две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди – скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала.

Откако ја убил, убиената девојка ја однел надив  отпад за заклани животни во атар на село Горно Оризари, во близина на локалниот пат кој води од Шуто Оризари.

До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, а особено имајќи ја предвид висината на запретената санкција за кривичното дело кое му се става на товар.​

Watch Naruto (Dub) Episode 194 (https://crunchyrollfree.com/m/Ykd/ep-194) at Crunchyroll crunchyroll 14 days

Watch Hige wo Soru. Soshite Joshikousei wo Hirou. Episode Preview (https://animeheaven.pro/m/JdAo/ep-1) at website https://animeheaven.pro bleach anime heaven