January 26, 2021 12:01
Македонија

Ќе има ли Владата сила и храброст да го казни нејзиниот потпретседател Груби и да го спроведе Уставот и законите?

Ќе има ли Владата сила и храброст да го казни нејзиниот потпретседател Артан Груби и да го спроведе Уставот и законите? Македонскиот закон не постои ниту за дел од Владата на Република Македонија…, прашува поранешниот пратеник на ВМРО- ДПМНЕ, Илија Димовски.
-Тогашниот потпретседател на Владата, а сега министер за надворешни работи, Бујар Османи се јавуваше и правеше теренска посета по македонските институции за да провери до каде е имплементацијата на оспоруваниот Закон за употреба на јазиците. Нормално за негово неспроведување се предвидени казни. Денес, дознаваме дека веб страницата на Министерството за политички систем и ОДНОСИ ПОМЕЃУ ЗАЕДНИЦИТЕ која ја предводи Артан Груби не е на МАКЕДОНСКИ јазик, кој според Уставот на Република Македонија е официјален и службен јазик на државата. Дополнително, за ова министерство, кое треба да се грижи за правата на сите заедници не постои ниту ТУРСКИ, СРПСКИ, РОМСКИ, ВЛАШКИ и БОСАНСКИ јазик.
Има ли институција или функционер од оваа Влада што ќе провери дали македонскиот јазик (согласно Уставот на Република Македонија) се употребува во сите институции на цела територија на целата држава? За ова е предвидена глоба во член 22, став 1 и 2, а во врска со член 1 од Законот за употреба на јазиците. Ќе има ли Владата сила и храброст да го казни нејзиниот потпретседател Артан Груби и да го спроведе Уставот и законите?, напиша Димовски на Фејсбук.

Watch Pokemon Journeys: The Series Episode 43 at website https://funimationfree.com funimation basic plan

Watch The Seven Deadly Sins: Revival of the Commandments (Dub) Episode 1 at website https://animeheaven.pro. See more hunter x hunter anime heaven