December 9, 2022 00:28
Македонија

Ќе ги донесе ли понудите за кои јавно говореше Мицкоски на средбата со Ковачевски?

Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија од Владата.
Средбата, како што информираат од Владата ќе се одржи во 16 часот.
Претходно, во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.
– Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски.
Бидејќи пред неколку дена јавно, Христијан Мицкоски најави дека ќе достави понуди за поефтини енергенски, клучно прашање е дали Мицкоски ќе ги донесе овие понуди на средбата со премиерот?

Поврзани вести

Премиерот Ковачевски на Самит во Тирана пречекан од премиерот на Албанија Рама

admin

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

Ковачевски ја „фрли ракавицата“, Мицкоски молчи за тоа дали барал власт а во замена нудел да го смени Уставот

blink