April 2, 2020 15:04
Магазин

Ќерката на Спилберг открива дека е порно ѕвезда

Микаела Спилберг, ќерката на легенадрниот филмски режисер Стивен Спилберг која тој и неговата сопруга Кејт Капшо ја посвоија кога беше бебе, во моментов заработува за живот од продукција на соло порно видеа, и се надева дека ќе се вработи како танчерка во стриптиз клуб штом ќе добие лиценца за сексуален работник.

23-годишната Микаела за таблоидот The Sun изјави: „Навистина се уморив што не успеав да го капитализирам своето тело и искрено, навистина ми е смачено од тоа да ми кажуваат да го мразам моето тело.“

„И смачено ми е да работам од ден на ден на начин што не ѝ одговара на мојата душа. Чувствувам дека можам да им угодувам на другите луѓе, а така е затоа што нема да се осеќам повредена.“

 

Микаела им ја соопшти веста на своите родители преку FaceTime во текот на викендот и рече дека иако биле “заинтригирани од нејзините избори за кариера, тие не биле вознемирени“.

За нејзините родители, таа рече: „Мојата безбедност отсекогаш била приоритет број еден за нив. Јас го правам ова, не од нагон да повредам некого или да бидам злобна, го правам ова затоа што сакам да му оддадам чест на моето тело на начин што е профитабилен.“

„Јас всушност мислам дека штом ќе видат колку далеку сум стигнала од дното каде што  бев пред една и пол година, тие ќе речат: Подигнавме млада дама полна со самодоверба,“ вели Микаела.

Таа има поддршка и од нејзиниот вереник Чак Панкоу, иако признава дека му требало некое време да се загрее за идејата заради законите во нивниот роден град во Тенеси.