August 25, 2019 22:25
Свет

Њу Делхи „побеле” поради град, северот на Индија завеан

Њу Делхи е погоден од бура со пороен дожд и град, „обојувајќи” го градот во бело, што предизвикало неверување и воодушевување меѓу жителите на индиската престолнина.

На фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи, се гледаат топчиња со големина на цреша и улици покриени со „бел килим”, објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си (BBC).

Многу луѓе ја споредија оваа необична глетка со сцени од Чикаго или Лондон.

Освен што ги воодушеви жителите на Делхи, оваа катастрофа, исто така, помогна да се подобри квалитетот на воздухот во градот познат по загадувањето.

– Бурите со градот „не се реткост за Делхи, но нивната појава не е ниту честа, наведе Џејсон Николс, постар метеоролог, на американската интернет-страница „Акуведер” (Achuweather).

Лошите временски услови, исто така, ги принудија авиокомпаниите да пренасочат повеќе од 30 летови.

Во изминатите неколку денови, во делови од северна Индија се забележани големи снежни врнежи, предизвикувајќи опасност од лавини, а училиштата се затворени.

Нови вести

Меркел: Состанокот со Зариф е паралелен настан, не е дел од самитот

Filip

САД и Велика Битанија после Брегзит ќе потпишат голем трговски договор

Filip

Белата куќа: Трамп не бил известен за средбата на Макрон и Зариф

Filip