January 22, 2021 19:54
Свет

Њујорк Тајмс: Што правел Трамп од денот на претседателските избори?

Весникот „Њујорк Тајмс” објави анализа на јавните настапи на американскиот претседател Доналд Трамп откако изгуби на претседателските избори на 3 ноември.

Меѓу 4 ноември и 22 ноември има 11 дена од 19 во кои Трамп немал јавни или официјални обврски.

Во тој период, тој имал прес-конференција на 5 ноември, присуствувал на церемонија на гробиштата Арлингтон на Денот на ветераните, за време на брифинг во Белата куќа откри детали за операцијата „Warp Speed” во борбата против коронавирусот и коментираше за цените на лековите.

Американскиот лидер исто така учествувал на виртуелен состанок со азиските лидери, кратко се приклучи на виртуелниот самит Г20 и двапати ручаше со Мајк Пенс.

Трамп во тој период шест пати играл голф.

Весникот ги анализира и пораките на милијардерот на Твитер. Во последните три недели, шефот на американската држава имал 550 објави, од кои околу три четвртини биле обид за поткопување на резултатите од претседателските избори.

Attack on Titan Final Season (https://animefreak.ws/m/LbN2) Episode 6 at website https://animefreak.ws anime freak one piece

The King's Avatar (https://kissanimeonline.com/m/73g7) Episode 12 at website https://kissanimeonline.com kissanime down