January 28, 2022 07:02
Спорт

Њукасл, Леванте и Гројтер Фурт единствени во петте најсилни лиги во Европа без победа

Ниту во четрнаесетиот обид сезонава фудбалерите на Њукасл не забележаа премиерна победа во Англија со што останаа во друштво на шпанскиот прволигаш Леванте и бундеслигашот Гројтер Фурт како единствени екипи во петте најсилни европски лиги, кои сè уште немаат триумф во националните првенства.

Њукасл во рамки на 14 коло во Премиер лигата одигра синоќа на домашен терен 1:1 против Норич и со ефект од седум нерешени и исто толку порази остана последнопласиран на табелата.

Со седум нерешени и осум порази во шпанската Примера на слично ниво е и тимот на Леванте за кој настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, додека најслабата екипа во најсилните европски лиги, Гројтер, само еден бод од 13 натпревари во германската лига.

И покрај новото реми на своите фудбалери, тренерот на Њукасл, Еди Хоув, оптимистички гледа кон иднината на клубот.

– Мислам дека на овој натпревар направиме чекор напред. Не победивме, но нашата игра беше за пофалба со оглед на околностите на теренот и раното исклучување во нашиот тим. Верувам во оваа екипа и верувам во подобри резултати, иако ми е јасно дека секој нов натпревар без победа ни става дополнителен товар на плеќите, изјави Хоув.

Во ерата на Премиер лигата, само три екипи немале триумф по воведните 14 кола – Свиндон (1993/04), Квинс Парк Ренџерс (2012/13) и Шефилд Јунајтед (2020/21). Сите три екипи на крајот од сезоните го загубија премиерлигашкиот статус.

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Attack on Titan Season 2

Josee, the Tiger and the Fish Episode Full

AnimeHeaven Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full

watch anime My Hero Academia Season 3

free anime online AnimeHeaven Pokémon Journeys: The Series