March 9, 2021 10:39
Македонија

Љупчо Димовски го наследи Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партиа, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово.

Како што јави Сител, Димовски (62) е избран едногласно на чело на партијата на конгресот кој се одржува посмртта на Љубисав Иванов – Ѕинго, кој беше претседател на социјалистите цели 25 години.

Димовски е поранешен министер за земјоделство, во една од владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е еден од петтемина пратеници од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои беа обвинети, а потоа амнестирани за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година.

Социјалистичката партија, која долги години е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во овој состав има уште еден пратеник (Стојан Миланов од Кратово).

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски меѓу првите му го честиташе на Димовски изборот за претседател на Социјалистичката партија.

Watch Naruto (Dub) Episode 217 (https://crunchyrollfree.com/m/Ykd/ep-217) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 14 day trial

KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! Episode 10 at website https://animeheaven.pro toradora anime heaven