February 26, 2021 00:43
Македонија

Љубомир Фрчкоски е сериозен кандидат за нов амбасадор во САД

Како што јавува Телевизија 24, најверојатно Македонија конечно ќе добие свој амбасадор во САД. Според високи владини извори, еден од најсериозните кандидати за оваа позиција е професорот Љубомир Фрчкоски.

 

Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор, според процедурата, треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски.

Но, ниту МНР има одговор на прашањето во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, ниту проф. Фрчкоски има коментар на оваа тема.

Македонија со години нема амбасадори во десетини држави во светот, па така, освен во Вашингтон, ние немаме претставник ниту во Брисел, Москва, Пекинг, а во екот на македонско-бугарскиот спор немаме амбасадор ниту во Софија.

Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 4 at website https://funimationfree.com. See more funimation one piece stampede

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? III (https://animeflix.nl/m/LeZM) Episode 12 at website https://animeflix.nl. See more hunter hunter animeflix