January 18, 2021 17:18
Балкан

Јурова: Одблиску ја следиме ситуацијата со словенечката новинска агенција СТА

Потпретседателката на Европската Комисија, Вера Јурова, порача дека е запознаена со заканите на словенечките власти да се престане со финансирање на националната новинска агенција СТА и дека во моментов се одвиваат редовни контакти со словенечките власти, таа воедно потсети дека Словенија сѐ полошо е рангирана во однос на слободата на медиумите.

-Комисијата е запознаена со неодамнешната одлука да се прекине со финансирање на СТА и ја изразив мојата загриженост генерално со состојбата на медиумите во Словенија, тие треба да бидат способни да работат слободно и независно, а јавните медиуми имаат посебна улога, затоа и ги повикуваме земјите членки да не вршат притисок врз нив, рече потпретседателката задолжена за правда во ЕУ.

Јурова меѓутоа мораше да признае дека за сега не е во способност да интервенира во случајот со СТА затоа што законската рамка во оваа ситуација е строго национална.

-Побарав објаснување од властите, од чисто правна гледна точка овој систем е базиран на словенечкото национално законодавство така што следиме од блиску и во случај да видиме прекршување на ЕУ законите ќе преземе мерки од наша страна, рече Јурова.

Владата на премиерот Јанез Јанша најави дека ќе престане со финансирање на национална новинска агенција, СТА. Ова предизвика огромна загриженост во организациите што се занимаваат со слобода на изразување и медиуми.

Европската Комисија исто така неодамна негативно ја оцени ситуацијата со медиумскиот плурализам во Словенија и економските и политички притисоци врз новинарите.

Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 97 at website https://animeheaven.pro animehaven

Attack on Titan: Since That Day Episode Full at GoGoAnime gogoanime bleach