January 22, 2020 12:34
Балкан

Јури Борисов: Можно е Русија да и продаде на Србија С-400

Рускиот вицепремиер Јури Борисов не ја исклучува можноста руските ракетни комплекси С-400 да и бидат продадени на Србија на кредит. Но, воедно тој забележува дека претседателите на двете држави, Владимир Путин и Александар Вучиќ, колку што е информиран, денеска не разговарале за ова прашање во Сочи, пренесоа руските медиуми.

Борисов пред новинарите во Москва кажа дека Руската федерација на барање на српската страна предвремено доставила некои видови оклопни превозни средства.

-Зборувам за борбени машини за десант и разузнавање, рече тој.

„Ние дознавме дека за користењето на руските системи за противвоздушна одбрана „Панцир”, Американците сакаат да им воведат санкции, но тие ни потврдија дека настаните од 1999 година ги научиле дека треба самите да се бранат”,  рече Борисов.

Во 1999 година НАТО изведе бомбардирања врз воени цели на територијата на Србија, заради војната во Косово, во кои, меѓутоа, загинаа и многу цивили.

Според Борисов, по заедничките воени вежби со Србија, што неодамна се оддржаа на српска територија, на кои Руската федерација ги донесе системите „Панцир” и С-400, српската страна ги пофалила системите за ПВО.

Официјален Белград дури се изјаснил дека „ќе размисли за нивно набавување”, дополнуваат руските медиуми.

Борисов, исто така, беше запрашан дали Русија може да и продаде С-400 на Србија на кредит. „Се е можно”, рече тој.

Нови вести

(Видео и фото) Стравична глета од згмечен „голф“ во кој загинаа двајца мажи

Igor

Ослободени киднапираните морнари од Грција во Камерун

Igor

Екатерини Сакеларопулу избрана за прва жена претседател на Грција

Igor