December 16, 2019 09:23
Свет

Јункер: Трамп нема да воведе дополнителни царини за европските автомобили

Претседателот на Европската комисија во заминување Жан Клод Јункер изрази уверување дека американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови нема да воведе нови царини за увоз на европски возила.

– Трамп малку ќе критикува, но нема да има царини (дополнителни) за автомобилите, рече Јункер во интервју за денешниот германски весник Зидојче цајтунг.

САД до средината на ноември треба да одлучат дали ќе ги зголемат царините на автомобилите и резервните делови кои доаѓаат од ЕУ. Во мај Трамп ја одложи својата одлука за воведување дополнителни царини, на шест месеци, до ноември.

Доколку се воведат, тие мерки пред се ќе ги погодат германските производители како што се Фолксваген, БМВ или Дајмлер.

Нови вести

Пентагон: САД ги користат базите во Турција само со дозвола од Анкара

zane

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

zane

Велика Британија: Децата родени во развиените области може да очекуваат да живеат до 19 години подолго од оние родени во посиромашните места

zane