March 22, 2019 04:03
Балкан

Јункер: Амнестијата за некои кривични дела е чекор назад за Романија

Усвојувањето на закон за декриминализација на некои појави на корупција и аменстија за некои кривични дела би претставувало чекор назад за Романија во почитувањето на владеењето на правото, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

На заедничка прес-конфернција со романскиот претседател Клаус Јоханис, Јункер нагласи дека иако Европската Унија се гради на компромиси, не може да има компромиси во почитувањето на владеењeто на правото.

Ова не е прва критика на Јункер на сметка на Романија изминативе денови. Тој неодамна во интервју за „Велт ам Зонтаг” изрази сомнеж во капацитетите на Букурешт за претседавање со Унијата.

– Имам сомнежи бидејќи Владата во Букурешт не разбра во целост што вклучува претседавање со членки на ЕУ… Внатрешната политичка ситуација во Романија е таква што земјата не може да настапува единствено во Европа. Земјата треба да биде обединета за да може да бара единство во Европа за време на претседавањето, изјави Јункер за германскиот весник.

Нови вести

Граната пронајдена во дворот на британската амбасада во Белград

Filip

Заврши протестот на албанската опозиција во Тирана

Filip

Моисиу со совет до Мета: Решија кризата како јас во 2007

Filip