June 22, 2021 13:04
Спорт

Јунајтед ќе испрати понуда за Џек Грилиш

Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе  се обиде да го донесе капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, пренесуваат медиумите на Островот.

Грилиш игра уште една фантастична сезона, а медиумите тврдат дека трансферот може да достигне до 100 милиони фунти.

Астон Вила минатото лето за својот капитен бараше 80 милиони фунти, но откако фудбалерот потпиша нов договор неговата цена се зголеми.

Грилиш е голема желба исто така на Ливерпул и Манчестер Сити, но Солскјер сака да ја победи конкуренцијата.

„Црвените ѓаволи“ веќе работат на трансферот и се спремни да понудат 70 милиони плус Џеси Лингард.

AnimeDao attack on titan season 3 animedao: That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24

AnimeFreak anime websites: Watch So I'm a Spider, So What? Episode 7 (https://animefreak.ws/m/JXK9/ep-7)