September 29, 2020 08:48
Спорт

Јунајтед по продолженија подобар од Копенхаген за полуфинале на ЛЕ

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се вторите полуфиналисти на Лига Европа, откако вечерва го совладаа Копенхаген со 1:0 по продолженија.

„Црвените ѓаволи“ во полуфиналето ќе играат против победникот од мечот Вулверхемптон-Севиља.

Интер, пак, беше подобар од Баер и во полуфиналето го чека победникот од натпреварот Шахтјор-Базел. Сите натпрвари се играат на неутрален терен во Германија.

Избраниците на Оле Гунар Солшер беа голем фаворит пред почетокот на натпреварот, но Копенхаген не се предаде лесно и долго време одолеваше на нападите. Отпорот беше скршен по пет минути игра во продолжението.

Марсијал беше соборен во шеснаесетникот, а Бруно Фернандеш од пенал донесе 1-0.