October 26, 2020 20:03
Спорт

Јунајтед го победи Сити среде „Етихад” и ги откажа „граѓаните” за титулата

Манчестер Јунајтед оствари сензационална победа од 2:1 на гостувањето кај Манчестер Сити во 16. коло од Премиер лигата.

Така екипата на Оле Гунар Солскјер го доби дербито на Манчестер, откако неговиот тим пред неколку дена се справи и со Тотенхем на Жозе Мурињо.

Рашфорд отвори од пенал во 23-тата минута, а Марсијал го зголеми водството на гостите шест минути подоцна. Сити постигна само со почесен погодок преку Отаменди во 85. минута.

По овој натпревар, шампионите Сити се на 3-то место на табелата со 32 поени и екипата е 14 бода од врвот, така што има само теоретски шанси да ја одбранат својата титула. Лидерот во Премиер лигата, Ливерпул го совлада Борнмут со 3:0 како гостин.

Јунајтед е на 5-то место со 24 бода.

Евертон – Челзи 3:1
Борнемут – Ливерпул 0:3
Тотенхем – Борнемут 5:0
Ватфорд – Кристал Палас 0:0