August 21, 2019 15:06
Свет

Јужна Кореја ѝ возвраќа на Јапонија, ѝ го укинува статусот на повластен трговски партнер

Јужна Кореја планира да ја исклучи Јапонија од својот список на најповластени трговски партнери, возвраќајќи му на соседот за ограничувањето на извозот на одредени категории на производи.

„Од почетокот на септември Јапонија веќе нема да биде на списокот на земји со повластени процедури за извоз , соопштија денеска од Министерството за трговија на Јужна Кореја.

Овој потег ги зголемува уделите во јапонско-корејскиот трговски конфликт, во кој Токио ја исклучи Јужна Кореја од списокот на земји со привилегиран статус на трговски партнер на почетокот на август.

Во јуни, Јапонија ја налути Јужна Кореја со построгите контролите врз извозот на материјали што се користат во производството на чипови, објаснувајќи ја мерката како „значително поткопување на односите меѓу двете земји“.

Нови вести

Со 1.900 полицајци, Берлин почна масовни рации против трговијата со луѓе

zane

Соборен американски дрон во Јемен

zane

Захарова: Русија ќе ги разгледа предлозите за враќање во Г7

zane