March 22, 2019 01:43
Македонија

Југ го поздрави Судот на својот мајчин јазик: За дом спремни, за увјек и навјек

Адвокатот на Игор Југ, кој е осуден на 12 години, рече дека на судот треба да влијае Конвенцијата на човековите права.
-Денес осудениот Игор Југ е пред се човек, кој има право да го посети гробот на својот син, да ја држи својата новородена ќерка и да подготвува жалбената постапка. Мерката притвор е мерка за одредување присуство, а не е казна. Овој совет има цела плејада на други мерки и може да ги изнесе и да ми дозволи на мојот клиент да ги оствари тие права, рече адвокатот
Југ, пак, рече дека постојат две предавства, првото да си ја предаде татковината, а второто да си го предаде семејството.
-Горд сум што не сум ги предал моите две татковини. Вие оценете дали сум човек кој би си го предал семејство во кое мојата сопруга е самохрана мајка со четири деца. Терористи се кријат во африкански држави што својата слобода ја плаќаат со милионски суми. Со што би ја гарантирал ја мојата слобода? Да му ги тренирам кучиња на Орбан? Вие пуштивте тројца обвинети милионери да се бранат од слобода без цент гаранција. Зарем никој не се посомнева дека тие ќе бегаат? Но тие знаеа дека ќе бидат амнестирани. Да направев десет постапки за мојата татковина и мојот народ во Хрватска ќе бев прОгласен за херој. По све што направив за македонија сум осуден за терорист и на 12 години робија. Тука сум понижен, требаше 15 години и за мене. Ќе ве поздравам на мојот мајчин јазик „за дом спремни, за увјек и навјек“, рече Југ.
Даниела Вељановска
Фото: Слободан Ѓуриќ

Нови вести

Спасовски: Ги преземаме сите мерки за фер, мирна и демократска изборна атмосфера

24news

Дуел Заев-Мицкоски во вторник на Канал 5

24news

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски манипулира со младите во Македонија

Filip