November 27, 2021 18:57
Спорт

Јувентус фати ритам, триумф и против Рома

Јувентус фати победнички ритам и успеа да ја скроти и опасната Волчица од Рим, со триумф од 1:0, шестти на последните 7 меча во сите натпреварувања.

Со чудниот гол на Мојзе Кин во 16. минута „црно-белите“ од Торино го добија дербито на осмото коло во Серија А и се искачија на 7. место на табелата со 14 бода, колку што имаат и Лацио и Аталанта, но со подобра гол-разлика.

Кин се најде на вистинското место во првата фаза од мечот и постигна гол, а притоа и не виде дека е стрелец. По центаршутот на Де Шиљо во шеснаесетникот на Рома највисок беше Бентанкур и со удар со глава го погоди соиграчот во глава, па топката заврши во мрежата на гостите.

Голот на Кин што можете да го погледнете ОВДЕ.

Вистински калабалак имаше во финишот на првото полувреме на мечот меѓу Јувентус и Рома, а гостите промашија пенал за израмнуваење на 1:1. При акцијата за пеналот во 44. минута, Волчицата постигна гол, но беше оправдано поништен. Судијата Даниеле Орсато судеше прекршок над Тами Абрахам за пенал, а потоа Мхитаријан со рака ја удри топката пред таа да зварши во мрежата на Јувентус.

Потоа Абрахам и Верету се скараа кој ќе го изведе пеналот, ситуација што го изнервира и Жозе Мурињо, а најлошото сценарио за Рома беше утката на Верету од белата точка.

Шчесни му го одбрани пеналот на францускиот интернационалец, а виновник беше и Абрахам, кој бараше да го шутира пеналот за Рома.

Целата ситуација од 44. минута можете да ја погледнете ОВДЕ.

Рома го доживеа третиот пораз во првенството и остана на четвртото место со 15 бода, три повеќе од Јувентус.

https://twistmoe.net twist.moe

AnimeFLV - Ver Anime, Ver Anime Online Sub Español en HD

Watch Sword Art Online EXTRA EDITION (Dub) Episode Full

Ronin Warriors: Legend of the Inferno Armor (Dub) Episode 4

Watch anime online for free at 4Anime bleach 4anime