October 28, 2020 03:15
Uncategorized Спорт

Јувентус се препна на Кротоне

Повеќекратниот италјански фудбалски шампион Јувентус се препна на гостувањето кај повратникот во Серија А, Кротоне каде одигра само 1:1. Избраниците на Андреа Пирло одиграа лош натпревар и на крајот можат да бидат задоволни од освоениот бод.

Кротоне добро почна и по само 12 минути гира поведе со 1:0. Бонучи беше невнимателен направи пенал кој Сими го претвори во гол. „Старата дама„ се врати во игра во 21. минута кога по убавата акција на Кулушевски и Киезе, Мората ја затресе мрежата на домаќините.

Во 60. минута Јувентус остана со играч помалку. Киеза доби директен црвен картон за невнимателен старт. Три минути подоцна Мората ја погоди стативата, а во 76. минута и мрежата, но по повеќеминутно размислување дали станува збор за офсајд или не на крајот судиите пресудија недозволена позиција и резултатот остана непроменет.

Голманот Буфон ги мина сите 90 минути на голот кај Јувентус и со тоа одбележа 650. настап во Серија А.