June 23, 2021 04:48
Спорт

Јувентус побара од играчите да се согласат на одложување на платата за четри месеци

Сè уште актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус доживува финансиски проблеми поради ефектите од пандемијата на коронавирус. Торинскиот клуб ги замоли играчите да се согласат на 4-месечно одложување на исплатата на платата. Се работи за платите за месеците: март, април, мај и јуни, објави „Ла Газета дело Спорт”.

Одговорот на играчите не е познат, но се шпекулира дека дел од нив нема да се согласат на ваквото барање од управата.

Минатата година, фудбалерите на Јувентус се согласија на одложена исплата, што му заштеди на клубот 90 милиони евра во соодветната финансиска година.

Јувентус на две кола до крајот во Серија А се наоѓа на 5.место со голема опасност да не влезе во Лигата на шампионите, нешто што дополнително би ја отежнало лошата финансиска состојба на клубот.

AnimeHeaven anime: Bleach Episode 366

GoGoAnime watch animes: Naruto: Shippuden (Dub) (https://gogoanime.be/m/g9yN) Episode 500