August 25, 2019 05:20
Спорт

Јувентус нуди само 40 милиони евра за Икарди

Шефовите на Јувентус дале јасни индикации дека не планираат да платат повеќе од 40 милиони евра за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди. „Бјанконерите” имаат интерес за Аргентинецот, кој стана „персона нон грата” на „Меаца”. Икарди не влегува во плановите на новиот тренер Антонио Конте и од клубот објавија дека тој нема да патува со тимот за турнејата во Азија. „Црно-белите” ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и да го земат напаѓачот максимално евтино.

Понудените од Јуве 40 милиони сепак се за цели 20 милиони помалку од цената што Интер ја има поставено на Икарди. „Нероазурите” дури се подготвени да прифатат понуда со бонуси или размена на играчи. Од Јуве сепак не брзаат да праќаат официјално предлог, бидејќи знаат дека во Интер се притиснати до ѕидот да се ослободат од Икарди што е можно поскоро, за да можат да почнат да му бараат замена.

Друга причина во Јувентус да не брзаат со привлекувањето на Икарди е дека во клубот немаат премногу напаѓачи и треба да се разделат со некој од Гонзало Игуаин, Марио Манџукиќ и Мојс Кин пред да донесат некој друг. Торинскиот тим дури има тенденција да почека и да го земат Икарди дури во текот на летото на 2021 година, кога договорот на Аргентинецот истекува и тој може да биде привлечен како слободен агент.

Нови вести

Елмас дебитираше за Наполи во Серија А

Igor

Гвардиола го расплака „Сантијаго Бернабеу“

Igor

Еурофарм Работник на пенал-рулет го загуби трофејот во Добој

Igor