June 16, 2021 13:03
Спорт

Јувентус и со играч помалку го совлада новиот шампион Интер

Јувентус го совлада наследникот на шампионскиот трон Интер (3:2) во дерби натпреварот од 37.коло во италјанската фудбалска Серија А и остана во игра да се избори за место меѓу првите четири екипи кои во новата сезона ќе играат во Лигата на шампиони. „Старата дама“ како домаќин ги освои многу значајните три бода иако речиси цело второто полувреме играше со играч помалку по исклучувањето на Родриго Бентанкур. На овој натпревар беа досудени дури три пенали. Токму од белата точка Кристијано Роналдо доби можност да погоди за 1-0. Неговиот удар го одбрани Хандановиќ, но Португалецот натрча на одбиената топка и ја смести во мрежата.

Потоа и Интер доби казнен удар, а Ромелу Лукаку не погреши во 35-тата минута. Хуан Квадрадо во судиското продолжение на првиот дел со одличен удар од далечина го врати домаќинот во водство до 2-1. Бентанкур заработи втор жолт картон во 55-тата минута. Интер ја искористи иницијативата во 83-тата минута, откако Џорџо Кјелини си постигна автогол иако судијата најпрво досуди прекршок во напад од Лукаку. По консулатација со ВАР, голот беше признат и резултатот гласеше 2-2. Кратко потоа, Иван Пeришиќ го фаулираше Квадрадо во сопствениот шеснаесетник, а Колумбиецот самиот ја презема одговорноста и погоди за 3-2.

Јувентус сега има 75 бодови на четвртата позиција, колку и Милан на третата, но „росонерите“ утре играат со Калјари.

WCOStream watch animes: Attack on Titan Episode 25

AnimeTV my anime tv: Watch Bleach Episode 347