April 20, 2019 16:44
Спорт

Јувентус и Ливерпул со најисплатливи трансфери за 2018 година

Јувентус и Ливерпул направиле најдобри трансфери од економска гледна точка, при што вредноста на привлечените играчи во моментов е највисока, во споредба со парите што ги платиле за да ги привлечат. Ова покажува уште една анализа на фудбалската опсерваторија ЦИЕС, со седиште на Универзитетот во Нојшател. Истражувањето се базира на податоци за играчи во тимовите од петте најсилни европски првенства.

Јувентус и Ливерпул се клубови чии играчи ги предводат двете листи за проценка на вредноста на играчите. Една листа е за играчите кои преминале со трансфер сума и ја зголемиле цената во новиот клуб. Другата е за играчите кои го нашле својот нов клуб преку слободен трансфер.

Во листата за играчи, кои преминале со трансфер, Ливерпул има три играчи во топ 20 и ниту еден друг клуб не може да се натпреварува со нив во овој поглед. На врвот, сепак, е Родри Ернандез од Атлетико (Мадрид), чија цена во летото 2018 година изнесуваше 25,0 милиони евра, а зголемувањето е од 45,1 милиони евра.

Второто место е за Лукас Тореира од Арсенал со скок од 44,3 милиони евра, а неговата сегашна цена е 74,3 млн. Таа е поголема од онаа на Родри, но разликата помеѓу летото и сега е посериозна за фудбалерот на „јорганџиите”. Трет е Џердан Шакири од Ливерпул, чија цена се зголеми за 40,3 милиони евра. Претходно чинеше 14,7 милиони евра, а сега е проценет на 55,0 милиони евра.

Кристијано Роналдо, кој дојде ова лето во Јувентус, има пораст од 22,2 милиони и сега проценет на 127,2 милиони. Оваа разлика го става на 12 место. Останатите од Ливерпул во првите 20 се Алисон Бекер (7-ми) со 33,1 милион скок и Фабињо Таварес (9-ти) со покачување од 31,5 милиони евра.

Покрај Кристијано Роналдо, од тимот на Јувентус во листата е и Жоао Кансело, кој го држи петтото место со зголемување од 37,6 милиони евра во трансферната вредност. Исто така со двајца претставници е Арсенал. Во прилог на Лукас Тореира е 19-годишниот играч од средниот ред Матео Гендузи, кој се рангираше на шестото место со 34,2 милиони скок во цената по трансферот од Лориен до сега.

Во листата на слободни агенти пак, на врвот е Емре Чан, кој дојде без сума од Ливерпул во Јувентус, со вредност од 45,1 милиони евра. Потоа следи младиот дефанзивец од Интер, Стефан де Вриј со 39.1 млн., Леон Горецка од Баерн Минхен со 31.3 милиони. Очигледно, извидниците на Бетис ја вршат добро својата работа, исто така, бидејќи има двајца свои претставници во топ 6. Ова се Раул Лопез со вредност од 16,8 милиони евра и Серхио Каналес со 15,6. По двајца претставници на успешните слободни агенти има и Интер (Милано).

Нови вести

Избрано раководството на секцијата на спортски новинари при ЗНМ

Igor

Парите дадени за Роналдо, стадионот на Јувентус ќе ги врати за 2 години

Igor

Зидан: Знам кои играчи не сакам да си заминат

Igor