April 15, 2021 02:41
Спорт

Јувентус го скрши отпорот на Специја во второто полувреме

„Старата дама“ ја победи Специја со 3:0, но ниту оваа игра не можеше да помине без стрес за навивачите на Јувентус.

„Бјанконерите“ се мачеа еден час да најдат начин да дојдат до голот на гостите.

Се играше 61. минута кога Бернадески асистираше, а Мората погоди за 1:0, откако ВАР го потврди голот. По голот, нападите на Јуве беа крунисани во 71. минута. Киеса погоди за 2:0, а конечните 3:0 ги постави Роналдо во 89. минута.