December 5, 2022 09:54
Спорт

Јувентус го игра најважниот меч во ЛШ

Тренерот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус, Масимилијано Алегри признава дека вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против Макаби Хаифа е „најважниот“ за неговиот тим. Тоја напоменува дека „старата дама“ не ги решила сите свои проблеми со убесливата победа од 3:0 над Болоња.

Јувентус силно посакува победа во ЛШ по поразите од ПСЖ и од Бенфика и се освен триумф на домашен терен би било катастрофа и веројатно би значело крај на надежите на „старата дама“ да се пласира во нокаут фазата.

-Ние сигурно ќе промениме нешто. Имаме полн список на натпревари. Речиси сите се вратија од повреди, па можат малку да ротираат во текот на натпреварот. Морам да одлучам за составот, но најважно е да бидеме уште подобри од неделата, и во напад и во одбрана, истакна италијанскиот стратег.

Тој сериозно му приоѓа на дуелот со Макаби.

-Тоа не е лесен натпревар. Макаби одигра добро во Лисабон и имаше израмнет натпревар против ПСЖ. Тие притискаат високо и ќе биде тешко, ние мора да ги почитуваме. Залудно е да размислуваме за други тимови ако не ги добиеме двата натпревари против Макаби. Вечерва е нашиот најважен натпревар во Лигата на шампионите, потенцира Алегри.

Анхел Ди Марија ќе биде стартер. Тој се соочи со суспензија од два натпревари во Серија А и ја пропушти неделната победа од 3:0 над Болоња, а нема да биде на располагање и за дербито со Милан на „Сан Сиро“ в сабота.

-Ди Марија се чувствува многу подобро и тренира повеќе од другите во последно време. Убеден сум дека вечерва ќе одигра одличен натпревар, потврди Алегри.