August 25, 2019 05:30
Скопје

ЈСП: Доколку се потврди дека на Александар не му било дозволено да влезе со куче во автобус, ќе има санкции

Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран, реагираат од ЈСП по објавата на Александар Велески на „Фејсбук“, во која напиша дека во автобус со број 7 не му било дозволено да влезе со неговото куче придружник.

„Добро бе, нешто функционира ли во државата????? ЈСП „7“ не ме пушти со Бен“, напиша Александар.

Од ЈСП велат дека за случајот дознале од социјалните мрежи и дека му се јавиле на Александар, но не добиле одговор.

„Ве информираме дека ЈСП ‘Скопје’ преку социјалните медиуми дозна за случајот со Александар и неговото куче придружник, кој преку ‘Фејсбук’ информира дека не му бил дозволен влез во автобус и покрај неодамнешната одлука на раководството за слободен пристап/влез на кучињата придружници на лицата со инвалидитет. Веднаш преку порака стапиме во контакт со Александар да ни објасни за случката, но сè уште ни нема одговорено. Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со татко му, кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнево ќе ни се јави.
Што точно се случило истражуваме и преку нашата внатрешна контрола“, велат од ЈСП.

Од таму пред три дена соопштија дека лицата со посебни потреби ќе може да се возат со куче придружник во автобусите на ЈСП, како и во кабините на жичницата на Водно.

Нови вести

Повеќе концерти во рамки на „Културно лето” во Општина Кисела Вода

zane

Александар Ѓорѓевски: Градиме по план, продолжува реконструкцијата на клучни сообраќајници во Ѓорче Петров

zane

Царовска: Гази Баба ќе добие нова градинка, го зголемуваме опфатот на деца во градинките

zane