September 15, 2019 08:08
Скопје

ЈП „Комунална хигиена”- Скопје спроведува едукативни активности каде што се создаваат диви депонии

ЈП „Комунална хигиена”– Скопје спроведува едукативни активности на локациите каде што континуирано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.

На улицата Димо Хаџи Димов, во општината Кисела Вода, вработените во Еко-патролата и одделенијата за Едукација, Квалитет и развој и Професионална одговорност при ЈП „Комунална хигиена”– Скопје, денеска реализираа едукативна акција за правилно и совесно постапување со отпадот.

Граѓаните беа едуцирани дека според Законот за јавна чистота, отпадот не смеат да го одлагаат на јавни површини и информирани за можноста електронската, електричната опрема и застарениот мебел бесплатно да го депонираат во центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште.

 

Нови вести

Ученици со попреченост од средните училишта во Скопје ќе добиваат стипендии

Igor

Скопје ќе ја одбележи Европската недела на мобилност „Пешачи со нас”

Igor

Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган

Igor