Скопје

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за одржување на хигиената на поголемите православни верски храмови во сите скопски општини. Со помош на три автоцистерни, екипите на Претпријатието извршија рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Ѓоргија, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др.„Во пресрет на најголемиот христијански празник-Велигден, реализиравме вонредни активности за одржување на максималното ниво на хигиената на верските објекти коишто во текот на празничниот викенд ќе ги посетат голем број наши сограѓани. Екипите на  ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжат да се грижат за чистотата на верските објекти на сите верски заедници.”- изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

AniWatch animes online: Watch Hori-san to Miyamura-kun Episode 1

AnimeDao animedao seven deadly sins: Watch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train Episode Full-v2