Скопје

ЈП Градски паркинг спроведе акција за расчистување на снегот

Откако деновиве се спроведоа повеќе акции за чистење на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје, со цел одржување на хигиената, сакаме да ги известиме граѓаните и нашите корисници, дека денес се спроведе акција за расчистување на снегот од истите.

Имено, ЈП Градски паркинг- Скопје во координација со Зимската служба на Град Скопје одредија и договорија мерки и активности што треба да се преземат за да се овозможи безбеден и непречен пристап до паркиралиштата на претпријатието.  Во акцијата за чистење вклучени се вработени во претпријатието и механизација со која располага ЈП Градски паркинг- Скопје, т.е. комбинирана машина за чистење снег туркач и соларка, рачни лопати и мал кипер Ивеко за расфрлање сол на критични точки.

Чистењето се спроведе на следните локации:

  • паркинг зони: А01, А3, А4, А05, А06, А8, Б7,
  • паркиралишта: Нова Македонија, АМСМ, Народен Фронт, Треска, Зоил, Тутунски Комбинат, Клинички Центар Мајка Тереза,
  • Пристапните површини до: Катна гаража Беко, Катна Гаража 26ти Јули, дирекција, кол центрите во Центар, Аеродром и Илинден.

На сите наведени површини се исчистија влезно- излезните пристапи, пристапните патеки до паркинг местата и слободните паркинг места. Активностите за расчистување на снегот ќе продолжат и во текот на денот и наредните денови во зависност од потребите.

Апелираме до возачите да возат внимателно со прилагодена брзина кон условите на коловозот.

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

watch anime JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

To Your Eternity Episode 13

AnimeDao BANANA FISH Episode 20

My Hero Academia Season 2 Episode 16

online anime AnimeDao Komi Can’t Communicate