June 28, 2022 01:59
Скопје

ЈП „Градски паркинг” со кампања за подобри услуги кон граѓаните под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!”

Директорот на ЈП „Градски паркинг”, Бојан Христовски денеска ја промовираше кампањата под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!” за подобрување на услугите според потребите на корисниците на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието.
Главната цел на кампањата е охрабрување на граѓаните и корисниците на паркинг услугите да пријават неправилности во рамки на работењето на претпријатието, како што се: неиздадена фискална сметка, несоодветно однесување на вработен, корупција и сл.,  на следните начини:
– Телефонски, со повик на 0800 11 300 или
– Писмено на емаил: [email protected]
 – Сакаме да ја запознаеме јавноста дека ЈП „Градски паркинг” нема да толерира несоодветно, неетичко, корумптивно или било какво друго незаконско однесување. Раководството на претпријатието се стреми кон подобрување на услугите, кон поголема транспарентност во работењето, поголема ефикасност и кон зголемување на довербата кај корисниците на услуги.Секое пријавување ќе биде  детално проверено и секаде каде што ќе има основ ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање – изјави Христовски.
Кампањата се реализира преку делење на информативни флаери и анкети на корисниците на затворените паркинзи и катните гаражи „Беко” и „26 Јули”.
Флаерите со мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!”, се со цел подигање на свеста и охрабрување за пријавување на неправилности со кои се соочуваат граѓаните при користење на паркинзите на ниво на градот. Додека пак, анкетите коишто можат да се најдат на наплатните пунктови, по пополнувањето, сите корисници на паркинг услугите, ќе можат да ги остават во кутија која ќе биде поставена на истото место на сите затворени паркинзи како и катните гаражи.
Делењето на флаери и анкети од страна на вработените во претпријатието, ќе се одвива континуирано три дена, односно 17.5.2022, 18.5.2022 и 19.5.2022 година, а анкети за пополнување на наплатните пунктови ќе бидат достапни 10 дена додека трае целата кампања (односно до 31.5.2022 година).

https://go88.gg/

sunwin mới sunwin trên ios tại sunwin pro plus ios