Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја продолжува поддршката на мисијата на СОС Детско село

ЈП Водовод и канализација – Скопје, како општествено одговорно претпријатие, веќе две години континуирано ја поддржува мисијата на СОС Детскосело преку реализација на различни активности со цел поттикнување на индивидуалната филантропија.Овој пат, повторно, со сметките за месец ноември 2021 година, до сите корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се доставува информативен додаток со повик за донирање.

„Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје во информативниот додаток кој е во прилог на сметките за месец ноември, 2021 имаат можност да ги видат сите новитети и реализирани активности во текот на годината која изминува, но и можност да станат наши пријатели и пријатели на СОС Детско село преку донации за децата и младите без родителска грижа поддржани од СОС Детско село. Имаме можност да ја осветлиме иднината на децата без родителска грижа, вреди да ја искористиме“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Нашите СОС Пријатели ЈП Водовод и канализација – Скопје и овој пат се дел од новогодишната кампања на СОС Детско село за што, неизмерно сме им благодарни. Во месец декември корисниците преку информативниот додаток во сметката, на лесен и едноставен начин може да донираат и да станат наши СОС Пријатели бидејќи празниците се секогаш поубави во друштво на пријателите.Донирајте и осветлете ја иднината на децата без родителска грижа.“- порача Јулијана Накова Гапо, Национален директор на СОС Детско село.

 

Освен преку информативниот додаток, донациите може да се извршат и преку веб страната на ЈП Водовод и канализација – Скопје, https://www.vodovod-skopje.com.mk/каде е поставен директен линк до веб страната за донации или директно на следниот линк: https://sos.org.mk/osvetli-ja-idninata/

watch subbed anime. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 2

My Hero Academia Season 5

watch animes Attack on Titan

AniWatch How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Episode 10

AniWatch My Hero Academia Season 2

tải go88