December 9, 2022 23:29
Македонија

Јорданов: Се реши долгогодишниот спор, а тоа значи деблокада на изградбата на болницата во Штип

Штипскиот градоначалник Иван Јорданов се пофали дека по негова иницијатива „Бетон” и грчки „Интеркат” направија вонсудска спогодба да се откочи изградбата на новата Клиничка болница во Штип.

-Решивме проблем за Штип и целиот Источен регион! Како што ветив, ќе правам напори и притисок секаде каде што имам можност, за да овозможам благосостојба на моите сограѓани и квалитетна здравствена услуга, преку изградба на Клиничката болница.Конечно, на мое лично барање се реши долгогодишниот спор меѓу изведувачот и подизведувачот, а тоа значи деблокада во процесот на изградба на болницата. Она што беше работа на власта, затоа што беше од интерес на секој еден од жителите на Општина Штип, помогнав да добие позитивна разрешница и да добиеме највисок квалитет во добивањето на здравствените услуги! Вака ќе ги решаваме сите проблеми, затоа што ако е во интерес на граѓаните, тогаш е во апсолутна надлежност на општината!, напиша Јорданов на Фејсбук.