June 24, 2021 20:10
Спорт

Јокиќ: Наградата за МВП е индивидуална, но заслуга има и целиот мој тим

Српскиот кошаркарски интеранционалец Никола Јокиќ кој пред седум години беше избран како 41. пик на драфтот во НБА, сега е број еден играч во најсилната лига. Центарот на Денвер е прогласен за најкорисен играч во НБА за сезоната 2020/21, станувајќи најнискорангираниот избор на драфтот кој ја освоил оваа престижна индивидуална награда.

-Да бидам искрен, никогаш не ни мислев дека ќе играм во НБА. Кога почнував да играм, мојата цел беше Евролигата, зашто таа беше најблиската врвна лига до мојата земја, изјави  Јокич кој речиси едногласно беше избран за МВП.

Дваесетишестгодишниот играч од Сомбор оваа сезона не пропушти ниеден натпревар од регуларниот дел и имаше просек од 26,4 поени, 10,8 скокови и 8,3 асистенции. Денвер на крајот заврши како трет во Западната конференција.

Јокиќ, кој во САД стигна преку српскиот лигаш Мега визура, каде што и ја почна професионалната кариера, е првиот играч на Денвер избран за МВП, а петти странец во историјата на НБА, по Хаким Олајџувон (Нигерија), Стив Неш (Канада), Дирк Новицки (Германија) и Јанис Адетокунбо (Грција).

-Ова е големо постигнување, но би сакал да кажам дека не сум само јас заслужен за ова постигнување. Во изминатите шест години напредував заедно со организацијата, тренерскиот тим и соиграчите. Ова не би можел сам да го постигнам. Наградата е индивидуална, но трудот е заеднички, кажа Јокиќ.

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE. Glass Mask Episode 51

AnimeDao Watch english anime Online in HD for FREE. [email protected] (Dub) Episode 2

https://kissanime.mx anime websites. Black Jack (https://kissanime.mx/m/Do6) Episode 10

KissAnime Pinterest: https://www.pinterest.com/kissanimemx/