Спорт

Јокиќ за историјата на НБА, Лејкерси подобри од Бруклин

Српскиот центар Никола Јокиќ испиша нова страница во историјата на најсилното светско кошаркарско првенство НБА лигата.
Најкорисниот кошаркар во НБА лигата од минатата сезона во триумфот на неговиот Денвер над Детроит учествување со 28 поени, 21 скок и 9 асистенции. Со ова остварување Јокиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА со најмалку 5000 скока и 3000 аситенции реализирани на помалку од 500 меча.
Поточно, сега има 5.008 скокови 3.008 асистенции, а сè уште не ни стигнал до 500. натпревари во НБА, односно досега има 494 одиграни мечеви. Освен тоа, Јокиќ четврти пат сезонава остварил дабл-дабл со најмалку 25 коша и 20 скока, а само Кајл Кузма и Џанис Антетокумбо имаат по едно вакво остварување во целата лига.

Јокиќ сезонава во НБА просечно бележи 26,1 кош , 13,8 скока и 7,6 асистенции по натпревар.

Лос Анџелес Клиперс, пак, се вратија од 35 поени негатива и успеаа да го победат Вашингтон со 116-115, ваков пресврт последен пат се случил во 2009 година.
Во текот на втората четвртина Вашингтон има водство од 66-31, во тој момент никој не ни помислуваше дека може да се случи поинаков резултат од нивна победа.

Но, Клиперс режираа неверојатен пресврт, почнаа постепено да ја намалуваат негативата, а во самиот финиш при водство на Вашингтон од 115-112, Лук Кенард погоди тројка на секунда до крајот, а врз него беше направен и фаул. Со дополнителното слободно фрлање ја донесе победата од 116-115.

Кофи со 29 поени беше најефикасен во составот на Клиперс, Кенард постигна 25, кај Вашингтон Бил даде 23.

Ваков пресврт последен пат се случил на 21. декември 2009 година кога Сакраменто го победи Чикаго иако губеше со 35 поени разлика.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси се радуваа на гостувањето кај Бруклин Нетс со 96-106. „Езерџиите“ го искористија отсуството на Кевин Дурант (повреден) и Кајри Ирвинг (не е вакциниран), а на Нетси не им помогна ниту „трипл-дабл“ скорот на Џејмс Харден.
Харден со 33 поени, 12 скока и 11 асистенции беше најдобар на паркетот, додека исто толку поени уфрли и Леброн Џејмс. На својот кам-бек на терените, Ентони Дејвис одигра 25 минути со скор од осум поени и по два скока и асистенции.

Голден Стејт Вориорси ја оправдаа фаворитската улога и го декласираа Далас со 130-92. Мавси, иако го имаа расположениот Лука Дончиќ кој заврши како најдобар поентер со 25 поени и осум скока, успеаја да одиграат респектабилно само во првиот дел. Куминга со 22 и Стеф Кари со 18 поени ги предводеа Вориорси, а добри партии имаа и Пул, Томпсон, Вигинс и Портер.

НБА лига, резултати –

Детроит – Денвер 105:110

Филаделфија – Њу Орлеанс 117:107

Торонто – Шарлот 125:113

Вашингтон – ЛА Клиперс 115:116

Бостон – Сакраменто 128:75

Бруклин – ЛА Лејкерс 96:106

Хјустон – Сан Антонио 104:134

Голден Стејт – Далас 130:92

Портланд – Минесота 107:109

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime stream The Rising of the Shield Hero (Dub)

sites to watch anime AniWatch Naruto (Uncropped) (Dub)

watch anime free AniWatch Bleach

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

Fairy Tail