February 3, 2023 21:43
Скопје

Јовановски: Се повлекувам од протестот на превозниците, блокадите продолжуваат

Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски се повлекува од протестот на превозниците и од сите процеси кои ќе следат понатаму затоа што смета дека премногу се злоупотребува неговото име, а блокадите на превозниците продолжуваат и понатаму.

– Од овој процес јас решив да се повлечам затоа што премногу се злоупотребува моето име и му се дава политичка нотификација. Институционално останувам директор на „Слобода превоз“, но нема да бидам гласноговорник на превозниците. Ние како „Слобода превоз“ не може да бидеме фактор во превозот затоа што со одлуката на Градот не можеме да се пријавиме на јавен повик за линии една година – рече Јовановски.

Првиот човек на „Слобода превоз“ смета дека превозниците и без него ќе се организираат, а протестот според најавите ќе продолжи и понатаму.

– Ако јас сум проблемот, еве ќе му олеснам на Градот и ќе се повлечам. Нема да учествувам на никаков начин, а превозниците ќе се организираат и без мене. Нема да може да се правдаат дека јас сум крив за проблемите што имаме во превозот.