February 3, 2023 20:29
Македонија Скопје

Јовановски: Нема никаква реакција од Градот, блокадите ќе продолжат

Нема никаква реакција од Градот Скопје, никој ништо не кажува од нивна страна и засега блокадите ќе останат, изјави за МИА директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз”, Ленин Јовановски.

– Се чекаше известување од Градот за да видат што ќе прават, но нема никаков пристап или понуда за договор, засега блокадите остануваат, изјави Јовановски.

Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” од вчера наутро повторно протестираат со блокади на три од клучните сообраќајни точки во Скопје, односно на крстосницата пред ТЦ „Мавровка” и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден” во околината на Градот Скопје.