December 7, 2021 04:47
Свет

Јемен: Хутите соборија разузнавачки авион на меѓународната коалиција

Хутитите од движењето Ансар Алах во Јемен денеска соборија разузнавачки авион на арапската коалиција предводена од САД и Саудиска Арабија, објави ТВ каналот „Ал Масира”.

Авионот бил соборен во градот Харед.

Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу шиитските бунтовници Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран.

Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема  хуманитарна криза предизвикана од војната.